На денешната седница во собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочи дека скандалозно е тоа што нема пратенички прашања и не се дава можност да се постават прашања во врска со сите скандали во изминатиот период.
Скандал е ова што се случува, денеска се закажани пратенички прашања денеска требаше да прашаме каде завршија парите од торбата Луј Витон не ни давате можност, денеска требаше да прашаме чии се парите од торбата на Ден Дончев, дали знаеме не ни дадовте можност. Денеска треба да прашаме каде заврши софтверот на Рашковски и дали е во функција, не ни давате можност. Се договара за пратенички прашања ама не вака како вие што го правите, нагласи Мицевски.
Јас би сакал да ми одговорите на циркузот кој го правите во Собрание затоа што три дена jа малтретирате македонската јавност дека нема можност да се свика седница со 4 точки од петтиот пакетот мерки, а денеска имаме закажано седница со ваше решение 37 седница која требаше да отпочне во 11 часот и отпочна со работа. Врз основа на што, дали сме известени дека ја прекинувате оваа седница или ја одложувате за понатаму и врз основа на кој член од Деловникот вие ја прекинувате веќе почнатата седница за која што прво не бевме известени и второ зошто пред очите на јавноста се уште ќе се занимавате со политиканство, а не го прифативте предлогот на опозицијата да одржиме седница 38 по ред која ќе ја закажете денес по итна постапка со 4 закони од пакетот мерки да бидат изгласани и да го имате и присуството и на опозицијата, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски коментирајќи што првиот човек на Собранието сакаше да ја ускрати можноста да не започне седницата за пратенички прашања.
Мицевски во своето обраќање посочи дека власта уште еднаш докажа дека го крши Деловникот.
На 14 септември 2020 година на прес конференција ви кажав дека ова мнозинство е на стаклени нозе, дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе дејствува институционално за да го спречи хаосот кој го правите и кој продолжувате да го правите. Со денешниот пример еклатантен за вашето однесување кон однос на пратениците во Собранието и кон Деловникот го докажувате тоа и дека нема да дозволиме сите овие спинови, сите овие кршења на Деловникот да дозволиме да ги правите. Меѓутоа ветувавте дека имавте стабилно мнозинство и дека 62 пратеници ви се доволни, кажа тој.
Мицевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави кворум на седници посебно не на седниците на која власта сака да протне штетни закони.
ВМРО-ДПМНЕ и јас како координатор кажавме дека нема да ви прави кворум на седниците посебно не на штетните закони и она кое сакате да го протуркате без учество на опозицијата и без консултации на опозицијата. Повторно продолжувате да се однесувате како да имате 100 пратеници во ова Собрание, а не само 62 пратеници. Имавте можност овој петти пакет мерки да го донесете на 3 март кога си гласавте доверба на Влада и кога сакавте да ги воспитате коалиционите партнери и некои од вашите пратеници, не го направивте тоа и затоа да не ја обвинувате опозицијата. Ве замолувам да ми одговорите затоа што и тоа е ваша деловничка обврска по однос на процедуралното, врз основа на кој член се повикувате за да го направите ова кое сега го правите еклатантно кршење на Деловникот за работа на Собранието, додаде Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.