Аплаудиравме на завршувањето на една црна ера на политиката во Република Македонија. Аплаудиравме на завршувањето на еден мандат кој што почна скандалозно и заврши на ист начин. Аплаудиравме на завршувањето на најцрните денови на македонската демократија. Аплаудиравме затоа што премиерот Заев немаше храброст да се соочи со пратениците и со јавноста, за да ја образложи својата оставка и да дозволи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да ги одржи пратеничките прашања и заедно со другите пратеници да поставиме прашања по осми пат во 17 месеци од владеењето на оваа Влада, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „24 анализа“.

Мицевски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ аплаудираше затоа што смета дека само на тој начин може да ги поздрави македонските граѓани кои што одлучно на локалните избори ги казнија политиките на СДСМ и на Зоран Заев.

Аплаузот беше за тоа, впрочем наменет за македонските граѓани, за нивната одлука која што беше не така мала и кои што ги прочитаа лажните и популистички политики на СДСМ на власт, рече Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.