Првото бебе во Битола се роди минута по полноќ. Методиј дојде на свет во Клиничката болница на Гинеколошко-акушерското одделение. Родено е со тежина од 3.150 гр, и должина од 50 см, и е прво дете во семејството.

Градоначалничката Петровска поради пандемијата оствари видеосредба со среќната мајка, со цел да ѝ ги пренесе честитките за првото новороденче. Освен симболичниот подарок, за првороденото бебе намени ваучер во вредност од 20.000 денари. Таа симболично ги награди и останатите родилки и нивните деца, породени на првиот ден од новата 2021 година.

Во Новата 2021 година во Битола се родија вкупно 5 бебиња.

– Добре ни дојдоа на свет нашите 5 нови сограѓани, нека ни се здрави, живи и вековити. Честитки до родителите, семејствата, а посебни честитки до дежурните екипи на Клиничката болница за нивната професионалност и посветеност. Оваа година, за разлика од минатите, одлучивме од здравствени и безбедносни причини да не ги посетиме директно мајките и новородените, но секако тоа не не прави помалку топли и помалку искрени во нашата радост за она што ни го донесоа, а тоа е пред се нов живот – рече градоначалничката Наташа Петровска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.