Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, е првото име од Владата кое по се изгледа ќе биде опфатено со реконструкцијата што ја најави премиерот Зоран Заев, објави Фокус. Според неофицијални информации премиерот бил незадоволен од работата во секторот екологија и ќе бара од ДУИ смена во раководната позиција на ова Министерство.

Се уште не е познато кој би го наследил Дураки, доколку биде повлечен, но албанските медиуми пишуваат дека тој ќе остане и понатаму во Владата така што ќе го добие новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Ова Министерство треба да го замени Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, поради што е веќе извесно дека овој пат не му бега метлата на Хазби Лика.

Од СДСМ и ДУИ велат дека деновиве треба да се одржи првата средба меѓу премиерот и Али Ахмети, каде ќе се договорат детали околу најавената реконструкција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.