Министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши најави средба меѓу лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев која треба да се случи неделава.
Преговорите течат, но повеќе станува збор за споделување на меѓусебни мислења во кои ресори треба да има подобрување или зајакнување на капацитетите. Верувам дека сите промени ќе бидат во духот на зајакнување на капацитетите на институциите за да испорачаме што подобри резултати кои ќе бидат во корист на граѓаните, но и за да се додаде нова позитивна енергија во некој ресор во кој во минатото не сме имале добри резултати, рече Бектеши.
Според телевизијата Алсат М, министерствата каде се очекува да има промени во рамки на операцијата „метла“ што ја најави премиерот Заев меѓу двата круга од претседателските избори се транспорт и врски, екологија, правда и образование, кои моментално се предводени од министрите Горан Сугаревски, Садула Дураку, Рената Дескоска – Треневска и Арбер Адеми.
Претходна статија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.