Поддржуваме целосна, детална и транспарентна истрага, рече Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД Метју Палмер, коментирајќи ја истрагата за специјалната обвинителка Катица Јанева.

Такви сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ако постојат докази, тогаш соодетно обвинение ќе биде можност за властите и Македонија да покажат почитување на владеење на правото, кое преставува фундаментална основа што ќе и` помогне на Македонија да го продолжи европскиот пат. Ние ги поодржуваме и охрабруваме институциите на Македонија да ја завршат оваа истрага – рече Палмер во интервју за  Гласот на Америка.

Тој истакна дека многу е важно да постои Специјалното јавно обвинителство, кое ќе има мандат да ги адресира овие прашања и предизвици.

Во тек се разговори меѓу опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во врска со параметрите на новиот закон за СЈО. Важно е овие страни да дојдат заедно да преговаараат и да ги решат нивните разлики – изјави Палмер.

Рече дека е важно да се постигне договор на кој начин СЈО ќе биде реформирано и модифицирано, со цел да го штити интересот на државата.

Времето за политиканство е завршено. Сега е време за лидерство – изјави Палмер.

Тој нагласи дека е многу важно овој закон да биде договорен многу однапред пред одлуката на советот на ЕУ во октомври.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.