Хрватската државна секретарка за европски работи, Андреја Метелко-Згомбиќ, пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел денеска, изјави дека се надева дека сите преземени активности во делот на проширувањето ќе создадат услови за отворање на преговори со Македонија и Албанија.
Министрите за надворешни и европски прашања денеска ќе ја слушаат презентацијата на Европската Комисија за ревидираната методологија за пристапни преговори како и за реформскиот напредок на Македонија и Албанија во пресрет на објавувањето на извештаите во текот на идната недела.
Денеска нема да има говор за напредокот на Македонија и Албанија, денес го правиме првиот чекор, Европската Комисија ќе не извести за предлогот на идната методологија за проширувањето и ќе не извести истовремено како течат подготовките за извештаите за напредокот и веруваме дека овие две активности заедно ќе бидат доволно голем придонес за создавање на услови за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, изјави Метелко-Згомбиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.