Албанско- македонските билатерални односи се многу добри, стабилни, во секој поглед, но можеме повеќе пред сè во економоијата и трговската размена, оцени албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојува во Дебар.
Се надевам дека набрзо ќе заврши и изградбата на автопатот „Руга е Арбрит” (Патот на Арбр) што е една одлична можност за економски „процут” на Дебар, но и за целиот овој регион. Тоа ќе значи и нови работни места и задржување на младите на родното огниште, рече Мета, додавајќи дека треба да се даде посебен импулс во сорабоката за справување со пандемијата.
Тој одговори на новинарско прашање и околу евроинтегративниот процес на Албанија и на Македонија, оценувајќи дека „Македонија е на сигурен пат, наспроти Албанија која треба уште да направи”.
Сметам дека Македонија спроведе зрели политички и демократски процеси. Македонија е на сигурен пат. Се надевам дека во односот со Бугарија прашањата ќе бидат надминати во европски духот и соработка. Нам ни останува многу повеќе работа, секако ќе настојуваме да ги исполниме задачите, а тука битно е успешно да ги спроведеме и изборите, тие да бидат слободни и демократски избори. Така ќе се случи во секој случај, оцени Мета.
Автопатот „Руга е Арбрит” ја скусува оддалеченоста од граничниот премин „Блато”, кај Дебар до Тирана за повеќе од 100 клометри и ќе изнесува осумдесетина.
Мета претходно имаше куса средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, а се обрати и пред членовите на Советот на општината. Попладнево ќе има поздравен збор на свечената академија по повод одбележувањето на 111- годшнината од Дебарскот конгрес. На свеченоста ќе се обрати и претседателот на Собранието, Талат Џафери. /МИА
I am very happy to be today with the dear sisters and brothers of Dibra e Madhe of the Kastriots, Iljaz Pasha Dibra, Josif Bageri, Dom Nikoll Kaçorri, Vehbi Dibra and many other patriots and intellectuals, to celebrate together the 111th anniversary of the Congress of Dibra. 🇦🇱 pic.twitter.com/9zEofysbqU
— Ilir Meta (@ilirmetazyrtar) November 21, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.