Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи дека нема основа за гонење на ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски во предметот за спорниот тендер за набавка на радарски систем за М-НАВ, државна компанија за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија. Од Обвинителството за МКД.мк потврдија дека надлежен јавен обвинител утврдил дека нема место за јавнообвинителско постапување и со решение ја отфрли пријавата.

Станува збор за предметот отворен по допрен глас, за тендерот за набавка на радарска опрема. Скандалот изби откако беше објавена снимка на која се слуша како генералниот секретар Рашковски договара детали за проектот вреден над 7 милиони евра и изборот на италијанската фирма „Леонардо”.

18 октомври 2018 година, Генералниот секретар на Македонската Влада Драги Рашкоски заедно со претседателот на управниот одбор на М Нав Николче Тасески и шефот на кабинет на министерот за транспорт Митко Тајчулески договараат понуда за јавна набавка за нов АТМ систем за контрола на летање од италијанската компанија „Леонардо“.

Вкупната сума на набавката е 7 милиони евра, финансирани од ЕБРД. Иако знаат дека компанијата не ги исполнува целосните критериуми тие ја добиваат набавката.

Притоа блискиот соработник на Заев, Рашкоски ги навредува Италијаните и нивната држава.

Тој вели:

Со италијани лесно се договараш тешко исполнуваш, со Германците е обратно тешко се договараш, после лесно исполнуваш. Со италијаните ќе биде нема проблем, ама…исто како балканци. ЦИГАНИ

Државата им била исто 38 посто сопственик на компанијата. Амбасадорот дојде кај мене и рече 38 посто од компанијата („Леонардо“) е сопственик државата. Но, и тие (Италија) се еби ветар држава.

Ти викам италијани може да каснат. Се може со нив. Исто се како Балканците.

За оваа навреда разбраа и Италијаните, но наместо извинување, оставка или отказ, не Рашковски не му фали влакно, ни тогаш, ни сега.

Контровезрзниот лик, за чија ароганција е познат уште од работата во Правниот факултет, не запира тука. Како генерален секретар на Владата неколкупати се истакнува со својата дрскост кон новинарите, непочитување на правилата и мерките, а вмешан е во уште две големи афера, за кои исто така не трпи последици.

Тука е скандалот со набавката на хеликоптери за медицински цели, каде фирмата што го доби тендерот „САРХЕМС“ е формирана 24 дена пред да биде избрана.

Како и продажбата на ШИК Јелак во центарот на Тетово на црногорскиот бизнисмен Дака, за која излезе аудиоснимка дека било примено мито од 300 илјади евра, а зад оваа афера стојат Рашковски и Зоран Заев.

Рашковски за овие афери е награден со нова висока функција во Влада. За него е отворено ново работно место, поточно Секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите со кој тој ќе „секретарува“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.