Не се плашиме што тој ќе каже, тој тропа глупости, рече денеска премиерот Зоран Заев за обвинувањата за криминал што сега разрешениот економски директор на ГАК Ваљон Беља, кадар на ДУИ, ги уоати кон директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство.
По оваа изјава на Заев, Беља на „Фејсбук“ објави нови документи:
Работите стануваат сè поинтересни. Инволвирањето на премиерот Заев јасно покажува колку се длабоки корените на криминалот!
1. Ако мене ми било предочено дека ќе бидам сменет, зошто ми е продолжено решението како економски вд. директор во Клиниката за гинекологија и акушерство? Фактите зборуваат спротивно од фрустирачките изјави на премиерот Заев.
2. Ако вие именувате дипломиран филолог за главна сестра во една толку значајна инстуција (спротивно на законот), тогаш се поставува прашањето – Кој се подбива со оваа институција?
Ова дејствие има кривични последици и слично како во случајот со бившиот директор на Катастар, таквото унапредување треба да има кривичен епилог. Повторно нагласувам – Позициите се привремени, криминалот не!, напиша Беља.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.