Граѓаните од ден на ден живеат сè полошо и тоа е благодарение на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. За ова се пожалија и пензионерите, но очигледно дека ниту власта ниту министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска немаат слух за нив.
Исто така пензионерите се жалат дека немаат никакво покачување на пензиите како што им беше ветено.
Пред само неколку дена министерката Шахпаска во своето гостување посочи дека со усогласувањето по закон минималната пензија ќе се зголеми за 134 денари месечно, а просечната пензија ќе се зголеми за 185 денари месечно и дека не се планира пензиите да се зголемуваат линеарно како што тоа беше пракса за време на претходната власт.
Со пензијата за јануари, која ќе биде исплатена на крајот на јануари, ќе го добијат усогласувањето по закон и тоа ќе значи зголемување на минималната пензија за 134 денари месечно и зголемување на просечната пензија за 185 денари месечно, рече Шахпаска.
По оваа нејзина изјава имаше голем број на реакции од страна на пензионерите каде тие го искажаа своето незадоволствo и дека не го добиле тоа што им било ветено.
Веќе неколу години по ред откако СДСМ ја превзема власта не добиваме никакво покачување на нашите пензии како што тоа го правеше претходната влада. Трошоците за живот се зголемуваат, а нашите пензии се исти. Не можеме да го поминеме месецот за да ги задоволиме нашите основни потреби, ни раскажа пензионер.
Не само пензионерите за оваа проблематика реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ каде порачуваат дека откако на пензионерите власта им одзема по 2.800 денари намалувајќи им ги пензиите, сега лажат дека ги зголемиле за 130 денари.
Законското усогласување на пензиите е обврска која се прави двапати годишно и е рефлексија на порастот на месечните животни трошоци од минатата година и истото не влијае на подобрување на животниот стандард на пензионерите во годината што следува, туку е само делумен обид за ублажување падот на нивнот животен стандард.Министерката Шахпаска треба да знае дека оние пропишани вредности во однос на просечната плата веќе не влегуваат во пресметките на пензиите, па затоа и растот на пензиите не може да ги достигне порастите кои што СДСМ смета дека може да се случат. За потсетување, Шахпаска треба да знае дека да останеше вториот столб со кој што се следеше растот на просечната плата во Македонија, сега пензионерите со овие четири нивелирања на пензиите ќе имаа за најмалку 2.800 денари повисоки пензии. Но наместо нив, СДСМ се пофали со раст од 134, односно просечни 185 денари по пензија, се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.