Струга, градот кој се наоѓа на брегот на Охридското езеро, освен граѓаните од земјава, се повеќе ја посетуваат и странски туристи. Струга има убави плажи а тие се главната причина за привлекување на посетителите. Туристи од Белгија велат дека Струга е убава на редок начин.

Но, хигиената не е на задоволително ниво во градот.Во Црн Дрим може да се забележи нечистотија, а околу реката клупите се оштетени. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко за тв21 вели дека за чистење на Црн Дрим побарале финансиска помош од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.