Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко денес го презеде новиот мандат. Мерко им се заблагодари на сите граѓани на општина Струга, за поддршката и зрелоста што ја покажаа за мирни, фер и демократски избори.
Нашата земја бележи огромен напредок кон демократијата и развојот. Продолжуваме со раководење на Општината, како што ни личи за владеење, каде граѓаните се на прво место и секој од вас добива внимание, а градот се менува и напредува во секоја сфера, нагласи Мерко.
Според него, власта не им припаѓа на раководителите и владетелите, туку на граѓаните, затоа сите вработени треба да бидат уште поефикасни и покомуникативни со граѓаните.
Претседателот на Општинската изборна комисија во Струга Минир Жута, покрај новиот мандат на Мерко, им ги врачи уверенијата и на 27-те советници. Советот на Општина Струга ќе го сочинуваат 10 претставници од ДУИ, седум од Алијанса на албанците и Алтернатива, пет од ВМРО – ДПМНЕ, четворица од СДСМ и еден од движењето БЕСА.
Конститутивна седница, се очекува идната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.