Со 60 гласа „за” и 32 „воздржани” пратениците во Собранието вчера попладне ја изгласаа потребата од донесување на измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка.
Сега по скратена постапка овие предложени законски измени ќе одат на матичната Комисија за здравство и во Законодавно-правната комисија, па потоа се враќаат на пленарна седница.
Бидејќи и за други измени на закони кои треба да се носат по скратена постапка не се исполнети условите според Деловиникот, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и најави нејзино продолжување за денес.
Претходно, образложувајќи го законот министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека со нив значјанон е се зголемат ингеренциите на сите инспекторати, а со предложените мерки ќе се избегне носење на одлука за политички час.
Со измените се предлага задолжително носење маска на отворено, ограничување на групирање по 22 часот и ограничување на семејните собири. Дополнително, на инспекциските служби треба да им се дадат поголеми овластувања за контрола и казни за непочитување на мерките.
Предлог за измени и дополнувања на истот закон вчера достави и опозицијата, но таа точка не се најде на дневен ред на оваа седница.
Џафери појасни дека не можел да ја стави на дневен ред оваа точка, поради тоа што таа била изготвена само на македонски јазик, па согласно законот за употреба на јазиците предлогот е даден да се преведе.
Оваа точка, рече Џафери ќе биде ставена на дневен ред на седница која ќе се одржи на 29 октомври кога ќе биде ставен и ребалансот на Буџетот.
Опозицијата предлагаше формирање нова комисија за заштита од болести која ќе биде формирана од страна на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.