Во Париз утре францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Оваа средба дипломатите ја сметаат за последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Македонија и Албанија за влез во ЕУ.

Официјално, Франција и натаму е против проширувањето на ЕУ сѐ додека не се реформира Унијата, а смета дека и реформите во Македонија и Албанија не се соодветни. Сепак, од Париз доаѓаат информациите дека конечната одлука ќе ја донесе Макрон.

Околу ова прашање има и предупредувањата од повеќе дипломати дека „оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестабилизација на регионот“.

Германската влада смета дека двете земји во целост ги исполниле условите за почеток на преговорите. Оваа одлука треба да се донесе на состанокот на ЕУ министрите во вторник во Лукембург или на ЕУ самитот два дена подоцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.