Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски и македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, Мери Николова Буџаку, му се заблагодари на лидерот на ДУИ, Али Ахмети што ја ставил на кандидатската листа на партијата во Изборната единица 3.
Некогашната „шарена револуционерка“ и гласна активистка на СДСМ, истакнува дека ја прифатила поканата да се најде на листата на ДУИ затоа што Ахмети искрено ја препознал нејзината способност како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава.
Ако некој ја препознава твојата способност, како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава со многу примери и дела, со многу вложен труд и работа. Ако некој ти пријде и ти каже дека вредиш и заслужуваш да бидиш во редот на најдобрите. Тогаш за мене доволни беа зборовите и взаемно пружената рака за договор да бидам на листа во ИЕ3. Не ми ветија, не ме излажаа ништо, како што веќе еден го стори тоа. Ако ним и треба жена борец, мени ми треба Лидер кој знае да ги цени активистите, кој има свое достоинство и збор, пишува Николова Буџаку на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.