Некогашната учесничка во таканаречената Шарена револуција и гласна активистка на СДСМ, Мери Николова Буџаку, вечерва во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа изјави дека Зоран Заев ѝ нудел пари, велејќи и да оди во седиштето на СДСМ и да земе колку сака.

Заев кажа сè што ви треба, одете земете пари во партијата. Јас реков дека додека сум здрава и права никогаш нема од партијта да земам пари, ќе работам и тоа што ќе го сработам ќе знам дека е мое, рече Николова Буџаку.

Николова откри и дека покрај пари, и понудиле и различни фунции, како пример директор на затвор, но не прифатила.

Ние имавме средба, после 8 месеци, разговаравме и после две недели го смени својот став, во меѓувреме, јас му кажав: „Очекував дека ќе бидете човек и ќе ги повикате правите борци, не само оние кои што знаат да се додворуваат, а ние додека се боревме тие правеле листа кој на која функција треба да седне“. Нашиот разговор беше само еднаш, после победата, сите наши договарања биле преку „вибер“, истакна Николова Буџаку



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.