Aдвокатот на Орце Камчев Тони Менкиновски ги образложи причинните зошто бараат да се поведе постапка за утврдување на незаконитост на доказите од Агенцијата за национална безбедност.
Според Менкиновски доказот од АНБ од 14 март 2021 година никогаш не е доставен до одбраната а тој е единствен доказ на кој се темелел предлогот од Основното обвинителство за гонење организиран криминал.
АНБ ако имало било какви докази за наводно бегство на Камчев требало да го извести Бирото за јавна безбедност а Бирото доколку сметало Јавниот обвинител. АНБ нема добиено наредба за тајно собирање податоци и информации од страна на судот-објасни адвокатот.
Според Менкиновски, дека се работи за скандалозно изрекување на мерка притвор потврдил и премиерот Заев кој како носител на извршната власт имал ингеренции и можел да има увид во измештајот а АНБ.
Тој изјави дека не се работи за следење, кажувам дека не е следен..тоа агенти Бугарија, не е точно, нема таква работа. Има неколку причини кои што тие, се побудил кај нив инстиктот да напишат пријава. Понатаму тоа го цени Јавен обвинител-ја цитира Менкиновски изјавата на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.