Адвокатот на бизнисменот Орце Камчев, Тони Менкиновски е револтиран од одлуката на судот Камчев да замине во 30-дневен притвор. Камчев утрово беше приведен, поради сомнение дека подготвува бегство. По неколку часа, судот го прифати барњето на обвинителката Лиле Стефанова тој да замине во притворското одделение на затворот Скопје.
Не ми е јасна одлуката на надлежните. Камчев во време на пандемија инвестира, отвора фабрики, а тие го апсат на Прочка. Ова е садистичка работа – коментира Мекиновски.
Според него судијата покажал дека е контрадикторен.
Судијата е контрадикторен, не можам јас да го учам на занает. Ние ги изнесовме нашите тврдења како одбрана и никогаш не станало збор за бегство, истакна Менкиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.