Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје. Мерките кои ги предлагаме се веќе докажано ефикасни, а вакцинацијата единствен начин да се бориме против вирусот, напиша вчеравечер на „Фејсбук“ министерот за здравство Венко Филипче, коментирајќи го масовниот протест против новите рестрикции за невакцинираните лица кои стапуваат на сила денеска.

Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни. Преку 1.000.000 дадени дози кај нас, без посериозни компликации или несакани ефекти кај ниту еден граѓанин, се непобитен доказ за нивната безбедност. И покрај овие цврсти аргументи за вакцинацијата, таа останува доброволна. Секој кој се обидува да прикаже дека се врши наводна присилна вакцинација ја манипулира јавноста. Никој не е присилен на ништо, обврска на државата е да го штити јавното здравје и да носи мерки, подвлекува Филипче.

На неговата изјава дека „никој не е присилен на ништо“ пристигнаа многу бесни коментари од јавноста, која смета дека со вакците ограничувања не само што се присилени да се вакцинираат, туку и се дискриминирани:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.