Пратеникот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека според информациите со кои располага тој, актуелната Влада ќе опстои, Зоран Заев ќе остане на власт следните три години, а Македонија ќе добие датум за преговори.
Тачи во гостување во „Утрински брифинг“ говореше за консултациите на владините партнери во пресрет на денешната парламентарна седница, на која на дневен ред е Иницијативата за интерпелација на Владата, нагласувајќи дека кога разговорите се водат во „пет до 12“, тие се тајни, а ги предводел Заев.
Мислам дека денеска нема да падне Владата. Според информациите што ги имам, Владата ќе остане и ние и ќе добиеме датум за преговори – вели Тачи.
Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ имале средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но, како што напомена, „според тоа каков им е рејтингот малку е веројатно дека би сакале да има предвремени избори“. Тачи додава дека Беса е мала партија со занемарлив резултат на изборите, а Алијанса има амбиции да се бори за власт.
Во однос на тоа што доколку резултатот од вечерашното гласање е никој да нема мнозинство, Тачи вели дека премиерот по евентуалното неуспешното гласање вечер има овластување да преговара и ќе се формира нова реконструирана влада со Зоран Заев како мандатар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.