Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи гласаше во Тетово.

– Многу важност е изборите да бидат фер и демократски, да исполнуваат стандарди. Имаме сите една ситуација сепак граѓаните имаат дилеми одредени групи дали да излегуваат или не. Многу е едноставно, маска, пенкало и верувам дека излезноста ќе биде во ред – изјави Тачи.

На новинарско прашање дали има сознанија за неправилности, тој истакна дека до тој момент нема такви информации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.