Вие, од Гостивар и Тетово сте единствената надеж за Преспа, Струга, Дебар, Куманово и Скопје. И верувам дека на 15 јули ќе ставите печат врз поразот на Али Ахмети, со овие зборови лидерот на Демократската партија на албанците Мендух Тачи го нагласи националниот  потенцијал, кој како што рече го поседува Гостивар.

На вечерашниот митинг на градскиот плоштад во рамки на предизборната кампања, Тачи кој е носител на кнадидатаската листа на ДПА во 6ИЕ се осврна на кампањата на неговите политички опоненти од ДУИ и нивното владеење.

– Али Ахмети и Насер Зибери ги поврзува Југославија и УДБа. Тоа е истата политика со која за жал, успеаа да ги измамат и да им го украдат времето на помладите генерации. Но, верувам дека сега е крај. Заедно, со максимална посветеност, верувам дека ќе успееме. Гостивар знаеше како да се издигне, бидејќи има висока национална и политичка свест, рече Тачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.