Без сериозна и реална проценка на здравствената состојба, во земјава нема услови за одржување избори. Директорот на Институтот за Јавно Здравје, Шабан Мемети, во емисијата “200“ во Алсат М телевизија рече дека најпрво треба да се види ефектот на олабавените мерки, за потоа да се направи проценка за организирање на избори.

“Рано е да се каже, затоа  што сме во вонредна состојба. Ќе направиме реална проценка, ќе ги олесниме мерките, ќе ја гледаме реакцијата на граѓаните и јавноста и со тоа ќе знаеме колку тестови треба да се направат, колку од нив ќе бидат позитивни, колку ќе имаме во болница, а ИЈЗ ја следи целата состојба и не се занимава со политика. Ние ќе кажеме за здравствената состојба и не е добро да се брзаме“.

Шабани рече дека проценка може да се има тогаш кога во земјава две недели по ред ќе има помалку од 10 заразени на ден.

“Без предрасуди за тоа дали ќе имаме избори или не, кога ние ќе имаме под 10 случаи дневно и тоа за две недели, можеме да речеме дека сме на правиот пат. Прво треба да почнеме со  олабавување на мерките. Изборите се друго прашање, станува збор за јавен проблем“.

Според Мемеди,  за организирање на изборите ангажманот на повеќе луѓе за набљудување на  изборите во тесни простории е спротивно со мерките на Владата. Пред некој ден министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека одлуката за тоа дали има услови за избори или не ќе се донесе врз основа на извештајот  за јавната здравствена состојба подготвен од Комисијата за заразни и инфективни болести



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.