Адвокатот Еленко Миланов го испрашуваше сведокот Весел Мемеди да ги каже деталите од координацијата што ја имале кај тогашниот претседавач Вељаноски на 27 април на која присуствувале и Оливер Спасовски и Илија Димовски.
Најпрвин обвинителката Рускоска бараше судијата Трпков да не дозволи ова прашање да биде поставено, но тоа не и беше дозволено.
На кооринацијата се договоривме седницата да продолжи следниот ден во петок,одговори Мемеди.
На прашање пак на адвокатот Александар Новаковски дали имал информации дека на 27 април ќе се бира претседател на Собранието, Мемеди рече дека “немал врска”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.