Пулмологот д-р Злате Мехмедовиќ предупредува дека вчерашниот пожар во кој загинаа најмалку 14 луѓе ќе предизвика скепка кај пациентите за сите модуларни болници во државата. Тој побара што е можно побрзо да се најдат причините за пожарот за да не дојде до вакво нешто.
-Мислам дека расчистувањето на причините за оваа трагедија ќе оди во насока на тоа да се тргне скепсата, неверувањето дека може да се добие квалитетна здравствена заштита во овие модуларни болници. Не би сакал во моменти кога навистина живееме тешки денови од пандемијата, сѐ уште има висок број на новоинфицирани и доаѓаме во период кога има многу клучни епидемиолошки настани кои може дополнително да го влошат текот на пандемијата, да останеме без витални, круцијални ресурси како што се модуларните болници и поради стравот на граѓаните поради овој немил настан, не бидеме во можност истите да ги искористиме, вели рече Мехмедовиќ во гостувањето во „Магазин“ на Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.