Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци.

Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Рајнхолд Лопатка, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ОБСЕ ПС) и Корин Јонкер, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР за изборите.

Меѓународната мисија за набљудување на претседателските избори се состои од 170 набљудувачи од 32 држави, од кои 156 се долгорочни и краткорочни набљудувачи од редовите на ОБСЕ/ОДИХР, 11 парламентарци и друг персонал од ОБСЕ ПС и пет од ПССЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.