Меѓународниот аеродром Скопје од полноќ ќе биде затворен за патнички летови, сè до следното известување, согласно одлуката на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

Оттаму ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави во НОТАМ – авијациски документ кој ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки.

Во престојниот период, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе нема патнички летови, освен државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови – стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.