Уште еден доказ дека Македонија тоне секој ден, е последниот допис од Европската банка со кој ги информира властите во Македонија дека ги стопира предвидените 14 милиони евра наменети за изградба на штипската клиничка болница, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За опозициската партија поразително е што Европска банка ја констатира неспособноста и неодговорноста на власта на Заев, коja од 2017 година нема камен на камен ставено во овој капитален здравствен објект предвиден за целиот источен регион.
Во овие 4 години, власта на Заев наместо да инвестира во здравствениот систем беше посветена на криминал, корупција и матни тендери. Наместо капитални инвестиции беа фрлени на јакнење на капиталот на фамилијата Заеви. Ете затоа Македонија губи средства од Европа кои биле претходно одобрени, но за жал поради некадарноста на владата на Заев да изгради нешто за народот, тие средства сега се стопирани. Европа очигледно видела дека власта има капацитет да ги топи парите или да ги злоупотребува европските средства за тренирање на магариња, па решила средствата да ги запре. Ова е меѓународна финансиска бламажа од која губат Македонија и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.