Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, вечерва на Алсат рече дека разликите околу датумот за одржување на изборите помеѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сведени на неколку денови или недели.
Евроинтеграциите и здравјето на граѓаните се поважни, додека втората тема, околу датумот, не е голем проблем затоа што разликата е неколку дена, една недела. Дали треба да се одржат на 5 јули или на 12 јули, тоа е прашање на денови и мислам дека има капацитет со дијалог да се изнајде заедничко решение и да има слободни и демократски избори – рече Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.