Потпретседателот на ДУИ и координатор на пратеничката група, Изет Меџити вели дека нема дилеми за бројот на Албанците, тие на пописот ќе бидат над 25 отсто.
Според бројот на ученици, по наталитет и по многу фактори, Албанците ќе бидат над 25 отсто. Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка било за економски параметри, било за друга природа – вели Меџити.
Претходно, Арбр Адеми од ДУИ изјави дека нема да го признае пописот, доколку Албанците се под 20 отсто.
Пописот ќе се одржи во април. Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.
Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.
Опозицијата има многу забелешки за законот.
Премиерот Зоран Заев кажа дека оние граѓани кои ќе одбијат да бидат попишани ќе бидат казнети, а тоа ќе значи и помалку попишани Македонци, Албанци…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.