Изет Меџити вечерва во емисијата „10 минути“ на ТВ21 со име и презиме ги наведе лицата за кои како што вели тој местото не им е во актуелната Влада.
„ДУИ е составена од многу фактори од повеќе населени места. Со поголема надлежност можам да зборувам околу Скопје, околу Чаир, важен огранок кој придонесе во ова победа со 1/3 на гласови. Сметам дека Груби и Османи не се тие кои можат да го застапат електоратот на ДУИ во Скопје. За другите ограноци, им оставам на нив простор, но на почеток имаше дилеми, сега гледам незадоволство во мнозинството на структурите на поголемиот дел на ограноци. Забелешките се во врска со нивното не-комуницирање, недостигот на дебата, немањето пристап во управувањето на која припаѓаат“, изјави Меџити во интервју за ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.