Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити денеска ги коментираше оставките што следеа по трагедијата во Тетово. Тој вели дека кога би бил на местото на премиерот Зоран Заев, би ги прифатил оставките.

Да сум на местото на Заев, би ги прифатил оставките, рече Меџити и додаде дека „во Собранието ќе го кажат своето мислење“.

Во принцип е добро што поднесоа оставки од морален аспект. Ова покажува дека има демократски вредности и тоа се случува во демократските земји, рече Меџити на настан во основното училиште „Јашар Бег Шкупи“, пренесува ТВ21.

Во меѓувреме, оставките се уште не се пристигнати во Собранието, бидејќи како што најави премиерот Заев, тие ќе бидат разгледани по епилогот од истрагата за причините за пожарот, во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени во ковид центарот во Тетово вечерта на 8 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.