Како во претходните бранови на голем број заразени со Ковид-19, и сега има медицински лица од тетовската клиничка болница кои се болни поради коронавирусот. За среќа нема ниту еден на болничко лекување.
Имаме и сега некои луѓе од медицинскиот персонал заболени од Ковид-19. Имаме со лесна симптоматологија и некои се дома на изолација. Тоа не влијае на работниот процес на клиниката. Тие се со лесна клиничка слика и едвај чекаат да се вратат на работа, но мора да поминат 10 дена во изолација, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот на тетовската клиничка болница.
Тој потенцира дека вакцинацијата и придржувањето на мерките се единствениот начин Тетово да ја помине епидемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.