Дневниот центар за интелектуална и физичка попреченост во Штип се затвора, а вработените и штитениците одат во изолација откако се потврди дека медицинската сестра е заразена со Ковид-19.

Директорката на Центарот за ТВ24 рече дека поради висок ризик во изолација одат сите седум штитеници на дневниот центар на возраст од 8 до 34 години и четворица други вработени.

Родителите чии деца го посетуваат центарот ќе бидат ослободени од работа, а во наредните 14 дена ќе се следи здравствената состојба кај сите штитеници, а целиот објект ќе се дезинфицира.

Сите вработени работеле со визири и маски. Но бидејќи природата на работата е таква што бара многу близок контакт со штитетниците, како хранење и друга грижа, епидемиолозите донесоа одлука сите да одат во изолација. Треба да кажаме дека пред стартот сите родители потпишаа изјава дека штитениците освен хендикепот се наоѓаат во добра општа состојба, вели директорката Златка Иванова за Тв24.

Дневниот центар со работа почна пред една недела, откако поради пандемијата беше под клуч цели седум месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.