Уште една медицинска сестра заболена од морбили. Како што објави 1Тв медицинската сестра од Клиниката за Токсикологија вчера добила осип и веднаш и биле дијагностицирани морбили. Медицинското лице од денеска е на боледување. Ова не е прв случај медицински лица вработени во здравствените установи во Македонија да бидат заразени со морбили.

Претходно во Струга, седум медицински лица беа заразени со морбили, меѓу нив четири сестри од интерното одделение во струшката болница, еден вработен на педијатрија, една докторка и медицинска сестра од Брзата помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.