Адвокатот Филип Медарски реагира на објавата на текстот со наслов „Судии, адвокати и дипломати вмешани во Рекетот на Катица, Боки и Кичеец“, објавен на порталот Република, преземен од порталот Инфомакс. Се работи за информација која е целосно преземена од Инфомакс, притоа цитиран порталот како извор на информацијата, со линк кој води директно до изворната вест. При преземање на информацијата Република нема направено никаква промена во содржината на истата.
Република, почитувајќи ги законите и новинарскиот кодекс го објава демантот испратен од адвокатот Медарски во целост.

Медарски воедно побара и извинување за пренесената информација. Република во ниту еден момент немала намера да го дискридитира Медарски, да ги наруши неговиот углед и чест. Како што кажавме, се работи за информација и тврдења преземени од друг медум, при што Република не излезе со свои тврдења, сознанија и коментари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.