Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува заминувањето на Никола Димитров од Министерството за надворешни работи.

На следниот министер нема да му биде лесно да го возобнови пустошот што Димитров го остава зад себе и да го премости длабокиот јаз помеѓу ветеното воведување европски стандарди во Министерството, наспроти реалната слика т.е. вистинскиот феудализам во управувањето со МНР од страна на Димитров и тесната клика околу него.

 

Длабоко поделени кадри на „наши“ и „ваши“, погром и замолчување на дипломатите преку бркање од работа, монтирани дисциплински постапки, масовен мобинг и деградации без никакво суштинско образложение, обиди за приватизација на МНР преку неуспешен и правно крајно проблематичен предлог на Закон за надворешни работи, замрзнување на напредокот на младите дипломати, селективно вработување и отфрлање на врни млади кадри, соработка со само 10 проценти од вработените итн. ,  се само некои од нештата по кои овој, до сега најслаб, арогантен и нарцисоиден министер за надворешни работи ќе биде запомнет од страна на своите поранешни колеги, се вели во соопштението од синдикатот.

Тие на новиот министер му посакуваат искрено добредојде и многу успех во враќањето на интегритетот на МНР, а со тоа и на македонската дипломатија.

Како Синдикат подаваме рака за партнерство, во интерес на почитувањето на работните права и работните стандарди, со очекување дека овој пат соработката ќе биде двострана, порачуваат од МДС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.