Македонско друштво „Илинден” – Тирана дава целосна поддршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се заштитат „националните интереси во спорот за македонскиот јазик, идентитет и историја што Бугарија ѝ го наметна на Македонија пред преговорите со ЕУ”.
Во соопштението, друштвото, додава дека Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една влада не смее да отстапи.
Во создавањето на текстот на Резолуцијата свој придонес имаат МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Таа ги содржи националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси и од кои ниту една влада не смее да отстапи. Ги повикуваме сите политички партии во татковината Македонија, сите македонски организации во светот да ја поддржат ова Резолуција, истакна македонското друштво „Илинден“ – Тирана.
На крајот на соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај, се порачува дека „македонскиот јазик, идентитет, историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.