Македонско – Бугарско Пријателство ги предупредува Македонците кои поседуваат бугарски пасоши дека секогаш кога има избори во Република Бугарија се појавува проблем со нивната адреса на која се пријавени. Според нив тие мора да гласаат доколку сакаат да избегнат непотребни административни трошоци.

Секој македонски државјанин кој се стекнал и со бугарско државјанство, има и адресна регистрација на територијата на Република Бугарија. Таа неретко е поинаква од адресата на престој без оглед каде се престојува ( во Бугарија, Македонија,земјите на ЕУ или вон ЕУ).
Граѓанскиот кодекс кои ги регулира овие прашања, вклучувајќи ги и прашањата на Централната Изборна Комисија во Република Бугарија,по правило, во севкупниот правен поредок, лицето, носителот на ЕМБГ/ЕГН, го врзува токму со податоците од адресната регистрација. Отсуството на правна комуникација на носителот на адресната регистрација со државните институции,најлесно се утврдува со континуирано некористење на избирачкото право. По правило, после секој изборен циклус, одреден број граѓани се принудени да го регулираат ова прашање пред локалните и националните власти на Република Бугарија. За таа цел, обрнуваме внимание навреме да се земе во предвид кажаното погоре, за да се избегнат (повторно) непријатности кои значат време и пари. Затоа, најлесно за оние што се на територијата на Република Македонија е да излезат и да гласаат во некоја од секциите – Скопје, Штип,Битола, Охрид, Кавадарци и Струмица! – стои во соопштението на МБП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.