Снимателот и монтажер Тони Николовски, сопруг на поранешната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, стана посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство. Телевизиската водителката Зорица Андреева и’ стана советник за евроинтеграции на министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, објави ИРЛ

И двајцата не се експерти во својата област. Но, ним и речиси целиот список на посебни советници во Владата ги врзува една работа – лојалноста кон владејачките партии, анализира ИРЛ.

Николовски во биографијата напишал дека има завршено средно гимназиско образование, а како вештини дека лесно се прилагодува, посветен е и добро организиран.

Поседувам добри комуникациски способности и имам средно познавање од англиски, француски, БХС (босанско-хрватски-српски) јазик. Секогаш користам можност да научам нешто ново, пишува Николовски во својата биографија.

И додека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопабство  има случни служби со соодветно образование,  на големо се вработуваат советници кои немаат соодветно  образование и немаат познавање во оваа област.

Целата сторија на ИРЛ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.