Вчера во амбулантата во Арачиново во 16:30 часот додека чекал преглед, маж паднал во бесознание. Била повикана и брза помош, била направена реанимација за по еден час да биде констатирана смрт. Неофицијално, лицето било вратено од Швајцарија пред 2 дена. Не било регистрирано дека влегло во државата.
Починатиот бил роден во 1971 година.
Го прашавме министерот Венко Филипче дали има сознанија дали се работи за лице заболено од корона.
Одговор нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.