Полицијата интервенирала утрово пред зградата на Министерството за здравство, откако од Одделот за обезбедување било пријавено дека машко лице седи на скалите.

Од Секторот за внатрешни работи за „Република“ потрврдуваат дека утрово околу 07.15 била испратена служба од страна на полициската станица Центар.

Констатирано е дека се работи за лицето А. А. (33), кое кај себе немало оружје. Лицето се состанало со Министерот за здравство пред влезот на министерството, разговарале и потоа си заминало, информираат од СВР Скопје за „Република“.

Oд полицијата велат дека лицето со министерот разговарал за некој проблем што го имал на една од клиниките и потоа си заминало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.