Со измените во Изборниот законик се предвидува Маврово, Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица да се префрлат кон Петтата, појасни на денешната прес конференција Артан Груби од ДУИ, додавајќи дека тој е веќе договорен и потпишан од сите координатори на парламентарните групи. Како што кажа тој, со тоа би се постигнало нивелирање помеѓу Изборните единици.

Груби додаде и дека ДУИ недвосмислено го поддржува донесувањето на Законот за ЈО и не го условува со ниту еден друг закон.

ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април, со донесување на законите коишто се во процедура пред распуштање на Собранието, додаде Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.