Бројките паѓаат, мерките попуштија, но попуштија и властите. Радовишките, беровските и делчевските матуранти како да сакаат да надополнат за прославата што ја пропуштија нивните другари лани, па „јако и јаче“ удрија на турбо-фолк по плоштадите и кафулињата.

За жал, овие прослави нема кој да ги санкционира. Спасовски го нема да ги заведе како прекршување на здравствените протоколи во билтентие на МВР. Филипче не е разочаран од младите, зашто поим нема што му се случува низ државата, а новата директорка на ДПИ е зафатена со наоѓање работа за рамковните, па инспектори на терен нема.

Наместо да излеземе од кризата, ние глибаме во неспособноста на власта. За жал, и умиираме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.