Според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа дека мнозинството туристи не ги почитуваат владините препораки и мерки за заштита од коронавирусот во Охрид, кој денеска изгледа како да е сред туристичка сезона.

По најавениот полициски час од страна на Владата кој за Скопје започна од синоќа, повеќе од 20 илјади возила го напуштија главниот град, а според фотографиите од патарините, голем дел од нив завршија во Охрид и Охридско.

Локалниот портал „Охрид 1“ пишува дека гужви има и на шеталиштетот и во кафулињата и маркетите.

(фото: Охрид 1)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.