МАСИТ одлучи ургентно да состави стручно тело со цел изнаоѓање на решенија за администрирање на образованието во претстојната учебна година.
На седница на Вонредниот Управен Одбор одржана на 17.08.2020 година, МАСИТ одлучи ургентно да состави стручно тело со цел изнаоѓање на решенија за администрирање на образованието во претстојната учебна година. Земајќи ја предвид комплексноста на состојбата, непредвидливиот курс на промени во земјава, регионот и светот настанати како последица на пандемијата на Ковид-19, како и на фактот дека сеуште нема на повидок конкретно решение за наставата, УО и членките на МАСИТ едногласно ја изразија својата подготвеност приоритетно да се фокусираат на изнаоѓање на унифицирано, одржливо и применливо решение за реализација на наставата и образовните процеси во следниот семестар, но и понатаму.
Иако, нити една институција до сега не се обратила до ИКТ Комората за соработка и совет, текот на настаните со пандемијата како и ургентната потреба од решение е повод за оваа одлука на МАСИТ. Оттука, комората ќе го формира телото како наменски конзорциум од компании – членки кои веќе работат на слични решенија за странство и имаат докажана експертиза во областа и ќе понудат унифицирано решение кое е најадекватно за состојбата во која се наоѓа македонското образование во моментов.
Потребно е унифицирано, стабилно и одржливо решение за наставата во престојниот период. Образованието, учениците и нивните родители треба да се предмет на итен и неоддложлив фокус. Ние како комора иако не сме консултирани до сега, се чувствуваме повикани поради фактот што сите солуции за идна настава се базираат на дигитални решенија и токму на таа основа ќе го работиме проектот кој ќе го понудиме до надлежните институции – вели Анета Пешева, претседател на УО на МАСИТ.
Анализите на ИКТ Комората се базирани на мониторинг на состојбите во земјава и странство и ги земаат во предвид сите аспекти на кризата: здравствениот, економскиот, образовниот и социјалниот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.