Откако премиерот вчера соопшти дека поднесува оставка од премиерската и претседателската функција од СДСМ, претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку Фејсбук повика на поддршка за лидерот на СДСМ Зоран Заев да остане на својата функција.

Од утре, 2 ноември, вторник почнуваме со собирање на потписи за поддршка на претседателот Зоран Заев за лидер на СДСМ во ОО СДСМ-Куманово. Утре почнуваме како кумановци нека се продолжи во сите општински низ државата. Со наш потпис, поддршка за Заев за лидер на СДСМ, пишува Костовски на Фејсбук.

Тој додава дека како претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренува иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев.

Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ.Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ, пишува Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.