Инфектологот Вело Марковски за „Детектор“ вели дека никој со сигурност не може да каже дали ќе има втор пик на коронавирусот.
Појаснува дека оваа идеја ја дала Светската здравствена организација, но таа треба да одговори од каде знаат и според кои искуства се водат. Марковски истакна дека Ковид-19 структурно е најблизок до вирусите САРС и МЕРС, кај кои немаше втор пик, но се појавија по десетина година откако мутирале.
Инфектологот вели дека Балканот се држи добро во споредба со западноевропските држави.
Имаме многу подобра наука од нив. Можеме да ги разграничиме другите болести од Ковид-19. Климата исто така ни е во многу поповолна состојба. Единствено негативно е што препишувавме едни од други, рече Марковски, појаснувајќи дека во Западна Европа инфектологијата веќе не се изучува како на Балканот.
Вели дека властите ја слушаат науката во воведување на мерките. Голема улога во тоа има тоа што имаме техничка Влада, бидејќи има претставници од повеќе политички партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.