Професорот доктор инфектолог Вело Марковски, во гостување во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека недостатокот од скрининг кај децата ќе не чини многу во наредниот период.

Марковски истакна и дека е загрижувачка смртноста во Македонија, каде што има многу грешки во лекувањето на пациентите.

Ние не направивме скрининзи кај децата и тоа многу ќе нѐ чини во следниот период, дали тие имаат антитела, дали случајно прележале корона вирус. Ако децата не се разболуваат тие не можат ни да го пренесат вирусот – вели професорот Марковски.

Тој истакна дека не постои механизам детето да го фати вирусот дома и да го пренесе, значи треба да се разболи или да се инфицира за да го пренесе на возрасните, а ПЦР методата не е добра за масовни тестирања и не е дава добри резултати.

Смртноста во Македонија е загрижувачка и се прават многу грешки во лекувањата, од една страна се трвди дека има пораст на ковид инфекцијата, но најмалку 80 до 90 проценти од пациентите се третираат со два до три антибиотика, што едно со друго не оди, ако се третираат со антибиотици, тогаш станува збор за бактериска инфекција, пациентите мора да се лекуваат доктринарно – смета доктор Марковски.

Професорот истакна дека смртноста во Македонија од 333 случаи на милион жители е многу висока, а во регионот е застрашувачки многу висока. Грција има 33 случаи по милион жители што од нас е десет пати помалку, Албанија, Бугарија, се над 100-110, Србија е со 80 случаи. Само осум држави во Европа на милион жители имаат повисока смртност од Македонија и од 215 држави во светот само 18.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.